Новиот Mach 1.5Т Hybrid на Dongfeng е рекордер во ефикасност! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Mach 1.5Т Hybrid на Dongfeng е рекордер во ефикасност!

Dongfeng Motor го претстави новиот хибриден бензинец кој има термална ефикасност од 48.09%!

Со термалната ефикасност се мери колку ефективно моторот го трансформира горивото во механичка работа, односно колку ефикасно го трансформира горивото во вртење на тркалата. Повисоката вредност кажува поголема ефикасност. Ова е првиот хибриден бензински мотор кој потекнува од Кина кој надминува 48%.

Моторот добива турбополнач со варијабилна геометрија, но уште поважно добива иновативен метод на согорување со висока компресија (15.5), напреден систем за палење и систем за вбризгување на гориво со висок притисок (500 бари). Дополнителните хибридни компоненти се оптимизирани за мазно работење во рамките на сите брзини.

Истовремено, моторот добива и интегрирана електрична пумпа за масло и специјална облога на цилиндрите и други иновации. Според Dongfeng и направените тестирања, овие измени значително ги намалуваат механичките загуби и ја овозможуваат високата ефикасност.

И што значи сето ова? Од Dongfeng кажуваат дека овие унапредувања ја подобруваат ефикасноста низ цел распон на возачки сценарија – од урбано возење и градски гужви па сè до крстосување на автопат. Според нив, автономијата се зголемува за околу 10% под еднакви услови.

Но она што е навистина интересно е коментарот од CarNewsChina – со оваа ефикасност, хибридниот мотор на Dongfeng ги надминува дури и хибридните Dynamic Force погони на Toyota и хибридните погони на BYD.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.