Тркачката дивизија на Toyota ќе се издвои како самостоен бренд и отсега ќе биде познат само како Gazoo Racing.
Откако (со одличните GR Yaris, GR Corolla, GR 86 и GR Supra, но и новиот GR GT) покажа дека многу добро знае што прави, Gazoo Racing станува самостоен бренд во рамките на гигантот наречен Toyota Motor Corporation. Во хиерархијата на нештата, новиот бренд ќе биде поставен над Toyota, но под (или паралелно со) Lexus. Онаму каде Lexus ќе ги брка оние кои бараат луксуз и комфор, Gazoo Racing ќе се посвети на оние кои бараат вистинско уживање во возењето и максимални перформанси.
Всушност, се очекува и многу посилна врска меѓу GR и Lexus во однос на GR и Toyota – а кон тоа укажува податокот дека новиот GR GT ќе се продава само во одредени салони на Lexus, но не и во салони на Toyota.
Но што да очекуваме од Gazoo Racing во иднина? Па покрај GR GT, ќе добиеме наследник на Supra (и не е познато дали новиот автомобил ќе има некаква роднинска врска со BMW или не), а се шпекулира и на наследник на MR2 со средно-поставен мотор. Toyota веќе готви нешто во оваа насока – пред некое време се појави GR Yaris M концептот со средно-поставен мотор.
Gazoo Racing веќе има го има на располагање новиот 2-литарски G20T турбо-бензинец кој испорачува 400 коњски сили и би можел да биде срж на понудата на новиот спортски бренд.







