Олдтајмер клубот VM Classic денес организира новогодишна изложба на класични автомобили!
Олдтајмер клубот ВМ Класик, заедно со Џевахир Мол организираат новогодишна хуманитарна изложба на класични автомобили – и секако, ги канат сите љубители на класичните автомобили да ја посетат изложбата.
Изложбата е закажана за денес, 27-ми Декември од 17:30, во Џевахир Мол. Поканети се сите а ветуваат позитивна атмосфера, музика и дружење. И секако, многу класични автомобили!




