По повод од 50-годишнината на оригиналниот модел, британската компанија ја претстави својата верзија на класичниот Esprit, наречен Encor Series 1.
Компанијата реши да го задржи автентичниот дух на оригиналот, но со модификации кои му даваат подобар изглед, постабилни возни својства и зголемена сигурност.
Тежината на возилото останува под 1.200 килограми а модерните модификации ги вклучуваат камерите со 360 степени, клима уредот и поддршката за Apple CarPlay.
Под задното стакло се наоѓа 3.5-литарски V8 турбо мотор со 400 коњски сили и 475 Nm вртежен момент и истиот е поврзан со петтостепен рачен менувач.
Клиентите мораат да достават свој оригинален Esprit (произведен после 1996 година), кој потоа се модификува според нивните спецификации. Ова значи дека цената на Encor Series 1 ја претставува цената на извршените модификации и истата започнува од 491,000 евра!
Проектот е ограничен на само 50 примероци, што го прави исклучително редок и елитен. Па еве ако мора да погодиме, би рекле дека сите 50 ќе бидат продадени во рекордно време.
















