Chery преку Гранд Ауто станува официјален спонзор и партнер на Ракометната Федерација на Македонија!
Автомобилскиот бренд Chery – еден од најбрзорастечките брендови во Европа и во светот, официјално стана спонзор на Ракометната федерација на Македонија. Соработката денес беше промовирана на прес-конференција одржана во новоотворениот Chery салон на Grand Auto, официјалниот увозник на брендот во Македонија.
„CHERY е бренд кој со забрзано темпо ја обликува иднината на автомобилската индустрија преку напредна технологија, современ дизајн и висок квалитет. Со поддршката на Ракометната федерација на Македонија, инвестираме не само во спортот, туку и во иднината – во младите таленти, новото раководство и позитивните промени.“ Чест ни е што денеска со нас се и претставници на ракометската елита на Македонија“ – изјави претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, во присуство селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, како и дел од нашите репрезентативци.
„Силните брендови не се градат само преку прозводи, туку преку поврзаноста со луѓето, заедницата и страста кон возилата. Токму затоа сме тука денеска да го објавиме официјалното спонзорство на Chery кон Ракометната федерација на Македонија. Ракометот е емоција, традиција и денес е симбол на нов почеток. РФМ влегува во нова фаза со ново раководство и со јасна визија и млади таленти кои ја претставуваат иднината на македонскиот ракомет. Тоа целосно се совпаѓа со филозофијата на Chery – инвестирање во напредок, иновации и долгорочен развој. Chery носи нова енергија во автомобилската индустрија во Македонија и во светот, а македонскиот ракомет носи нова енергија и нови страсти во спортот во Македонија. Ова е чекор напред, заедно со РФМ и Chery. Веруваме дека оваа соработка ќе придонесе не само за спортски успеси, туку и за инспирација на младите деца, промоција на тимски дух, дисциплина, амбиција – вредности кои ги делат Chery и нашите репрезентативци и стручниот штаб, кои верувам дека ќе направат големи успеси во Данска. Упатувам благодарност до РФМ за довербата во име на Chery и Grand Auto – заедно до големи успеси“ – изјави г-нот Дритон Заири-генерален директор на Grand Auto.
На самиот старт, големиот Tiggo 8 Pro станува официјален автомобил на македонскиот ракомет, а понатаму во флотата ќе се приклучат и други возила, меѓу кои и Chery Arrizo 8. Спонзорството е дел од пошироката стратегија на Chery за раст на европските пазари и претставува јасен сигнал за долгорочна посветеност кон луѓето во Македонија. Новото партнерство има за цел да го поддржи развојот на македонскиот ракомет, да ги мотивира младите генерации и да промовира вредности како што се тимската работа, дисциплината и стремежот кон успех.
Со оваа соработка, CHERY и Ракометната федерација на Македонија испраќаат заедничка порака за напредок, доверба и нова енергија – и во спортот и во автомобилската индустрија. Им честитаме, а на нашите ракометари им посакуваме многу среќа на терените!



















