Premium Brands го додаде BAIC во своето портфолио! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Premium Brands го додаде BAIC во своето портфолио!

Групацијата Premium Brands која на нашиот пазар веќе ги застапува Kia и Volvo, во своето портфолио и официјално го додаде кинескиот гигант BAIC.

Кинескиот гигант BAIC официјално станува дел од портфолиото на Premium Brands. Македонската компанија која на нашиот пазар веќе ги застапува Kia и Volvo, од вчеравечер и официјално го додаде BAIC во своето портфолио и свечено ги отвори вратите на новиот салон посветен токму на кинескиот гигант.

Од Premium Brands кажуваат дека соработката со BAIC ја започнуваат врз темел на долгогодишното постоење на компанијата, но истовремено и врз цврстата соработка која ќе ја градат во иднина. Кажуваат дека сакаат на купувачите да им понудат врвна услуга базирана врз долгогодишното искуство на компанијата, но истовремено да понудат и врвна логистична поддршка за која многу од купувачите на кинески брендови на нашиот пазар се скептични.

Ни открија дека веќе е поставен засебен сервисен центар само за BAIC, со нов и обучен тим. Веќе се нарачани и обезбедени и резервни делови, па ниту тоа не би требало да претставува проблем.

На нашиот пазар ќе се нудат неколку различни модели, со кросовер и SUV модели во прв план. На купувачите им се нудат BAIC X35, X55 и X75, како и интересниот BJ30. Несекојдневна понуда е и EU5, електричниот седан со главен фокус кон флотната продажба.

Ние им ги честитаме отворањето на салонот и стартот на соработката. Им посакуваме многу среќа и многу продадени автомобили, а ние наскоро ќе ви ги пренесеме нашите впечатоци од автомобилите на BAIC.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.