Новиот знаменосец на францускиот бренд пристигна во Македонија – кажете му добредојде на новиот Citroën C5 Aircross!
Пред само неколку седмици го возевме новиот C5 Aircross на неговата официјална интернационална презентација на островот Мајорка – и сега веќе со задоволство можеме да кажеме дека новиот знаменосец на Citroën пристигна и кај нас!
Со новиот C5 Aircross, францускиот бренд го поместува својот знаменосец во еден сосем нов сегмент. Новиот C5 Aircross е поголем, значително помодерен и со сите нови технологии кои Citroën и Stellantis ги имаат во своето портфолио. На самиот старт на продажбата кај нас ќе се нуди со хибриден погон со 145 коњски сили, а очекуваме дека и другите погонски опции ќе бидат достапни во иднина.
Инаку, новиот C5 Aircross нуди пристап кој е типичен за Citroën – главниот фокус е на комфорот и секојдневната добросостојба, но истовремено многу внимание е посветено на дизајнот, храбрите одлуки и високите технологии. Внатре е како во дневна соба, со топли, пријатни материјали и многу, многу простор.
На нашиот пазар, цените започнуваат од 29.990 Евра за C5 Aircross во You ниво на опрема. Скалило погоре е C5 Aircross Plus кој чини од 32.490 Евра и на самиот врв е C5 Aircross Max кој чини од 34.990 Евра. За повеќе информации, посетете го салонот на Citroën во Скопје, или пак официјалната веб-страница на C5 Aircross.















