Вчера официјално и свечено се отвори новиот сервисен центар на Ducati кој е во рамките на Мак Аутостар во Скопје.
Честито нов сервисен центар на Ducati! Сервисот не е огромен, но затоа е целосно опремен и изработен по сите високи стандарди на италијанскиот бренд.
Истовремено, од Мак Аутостар кажуваат дека се целосно подготвени и обучени за работа дури и на најретките модели на Ducati, за што сведочат и моделите кои ги затековме во самиот објект – од екстремно ретки и супер-скапи модели, па сè до тркачки моторцикли со перформанси за кои можеме само да зборуваме.
Секако, ова е уште еден дел од приказната на Ducati во Македонија. Пред неколку месеци Мак Аутостар официјално ја започна соработката со Ducati и го отвори новиот салон за моторцикли, а сега можат да се пофалат и со модерен и опремен сервисен центар, како и подготвен, обучен и фанатичен сервисен персонал. Одлични вести за моторџиите, навистина!























