Главната улога на супер-автомобилот ќе биде транспортирање на крв и органи низ целатата територија на Италија.
За итните транспортни мисии, MCPura добива традиционални полициски Carabinieri ознаки, светлосни сигнали како и медицинска опрема во кабината. Во ентериерот се монтирани дополнителни контролни елементи, карбонски детали и спортски седишта од микрофибер.
Како што објавивме претходно, супер-автомобилот има целосна карбонска шасија и го користи 3-литарскиот V6 мотор кој располага со 630 коњски сили и 730 Nm вртежен момент. Со таа моќност, забрзувањето од 0-100 км/ч трае 2,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 320 км/ч.
Покрај овој модел, возниот парк на Carabinieri полицијата е збогатен и со Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio кој доаѓа со 2.9-литарскиот V6 мотор и 520 коњски сили.