VW Touareg Final Edition е како што вели името.. последно издание – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

VW Touareg Final Edition е како што вели името.. последно издание

Производството на тековната серија на популарниот SUV ќе заврши во 2026 година.

Дизајнот на Final Edition се карактеризира со суптилни детали како што се ласерски гравираните натписи на праговите, менувачот и на совозачкиот панел.

Во текот на три генерации, моделот се продаде во повеќе од 1.2 милиони примероци глобално. Првиот Touareg кој се појави во 2002 година беше познат по напредната суспензија и по моќниот V10 TDI мотор.

Втората генерација од 2010 година донесе хибридна верзија и нови безбедносни системи, додека третата генерација во 2018 година го покажа модерениот дизајн и напредните дигитални системи за удобност и безбедност.

Со финалната серија на Touareg, Volkswagen ги одбележи повеќедецениските достигнувања на моделот а истовремено и се збогува со сегашниот тип на моторот со внатрешно согорување.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!