Моделот е именуван повод од 130-годишнината од основањето на чешкиот бренд, како и по моќноста изразена преку бројот на киловати.
Fabia 130 е базирана на варијантата Monte Carlo, но овој пат со сериозни подобрувања во перформансите и спортската динамика.
Автомобилот е спуштен за 15 милиметри со што се зголемени прецизноста и стабилноста на патот, а промени за побрзо и поефикасно менување има и во автоматскиот седумстепен DSG менувач.
Моторот што го користи е добро познатиот 1.5-литарски турбо бензинец со четири цилиндри, прилагоден за да испорача 175 коњски сили и 250 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 7.4 секунди, а максималната брзина е повеќе од респектабилни 228 км/ч.
Од надвор, Fabia 130 доаѓа со 18-инчни бандажи, две издувни цевки, заднен дифузер и заден спојлер, додека во внатрешноста ги забележуваме електрично прилагодливите спортски седишта, педалите од нерѓосувачки челик, и спортскиот управувачот со закосено дно.
Достапна ќе биде во црна, бела, сина и црвена боја а првите испораки се планирани за декември годинава.
















