Xiaomi доаѓа во Европа во 2027! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Xiaomi доаѓа во Европа во 2027!

Кинескиот технолошки гигант најави отворање на нов истражувачко-развоен центар во Германија.

Центарот ќе има за цел да ја унапреди технологијата и иновациите на електричните возила и паметната мобилност, како и да ја реализира стратегијата „Човек x Автомобил x Дом“ која ги комбинира смарт уредите со новата генерација на возила.

Центарот во Минхен ќе се фокусира на проекти за изведба, развој на технологии за електрични возила, иновации во дизајнот и истражувања насочени кон подобро корисничко искуство.

Во моментов компанијата нуди два модела во Кина: седанот SU7 и кросоверот YU7, но деталите за конкретните модели што ќе се нудат во Европа се уште не се октриени. Xiaomi работи и на новиот хибриден модел YU9 – голем SUV со 1.5-литарски бензински и два електрични мотори.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!