Во придружба на клиенти, соработници и пријатели, вчеравечер Порше Македонија го прослави својот 20-ти роденден.
Вчеравечер салоните на Порше Македонија блеснаа во светлина и емоции, претворајќи се во уметнички простор за големата прослава на 20-годишниот јубилеј на компанијата. Настанот обедини партнери, клиенти, вработени и пријатели во атмосфера која го славеше минатото, но и храбро гледаше кон иднината.
„Денес не славиме само 20 години постоење – денес славиме 20 години заедништво“ – истакна генералниот директор Златко Муцунски во своето инспиративно обраќање. „Сите вие сте значаен дел од нашата приказна. Без вас, ’20‘ ќе беше само број. Со вас – тоа стана патување полно со предизвици, победи и незаборавни моменти. Ние не сме тука само да продаваме автомобили. Ние креираме искуства, отвораме патишта кон авантури и овозможуваме слобода да се сонува и освојува.“ – додаде тој.
Порше Македонија започна со работа во 2005 година како дел од Porsche Holding Salzburg, првично застапувајќи ги брендовите Volkswagen и Audi за Македонија и Косово. Денес портфолиото брои седум светски познати брендови меѓу кои се – Škoda (од 2007), SEAT (2014), Porsche (2016) и CUPRA (2024) – и силна продажно-сервисна мрежа со повеќе од 100 вработени и над 50.000 продадени возила.
Од Порше Македонија гордо кажуваат дека по 20 години, компанијата стои како синоним за квалитет, иновација и лидерство во автомобилската индустрија. Компанијата останува посветена на иднината на мобилноста – електрификација, автономни технологии и паметни решенија – но никогаш не заборава дека вистинската сила е во луѓето, партнерствата и вредностите што заедно се градат.
„По 20 години – сè уште постоиме, сè уште на врвот стоиме, и одлично изгледаме,“ заклучи Муцунски, кревајќи здравица за новите хоризонти што следуваат. Со оваа прослава, Порше Македонија уште еднаш потврди дека нејзината приказна не е само за автомобили – туку за страст, визија и заедништво кое ќе продолжи да создава нови јубилеи и нови победи.
Ние само ќе додадеме – Среќен роденден, Порше Македонија!