Peugeot подготви „Лавовска“ есенска понуда за 208, 2008, 408 и 3008! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot подготви „Лавовска“ есенска понуда за 208, 2008, 408 и 3008!

Peugeot Македонија ја лансира својата најнова кампања со која на клиентите им нуди повеќе избор, повеќе стил и повеќе престиж. Четири модели ја предводат понудата – градскиот шармер Peugeot 208, најпосакуваниот SUV 2008, динамичниот fastback 408 и хедонистичкиот 3008 – сите достапни по нови цени.

Ова е вистинскиот момент да се доживее возењето на Peugeot – комбинација на француски дизајн, напредни технологии и удобност без компромиси. Peugeot ги нуди своите модели по навистина интересни цени – 208 може да се добие со турбо-бензинец со 100 коњски сили за за 16.690 Евра, 2008 со истиот турбо-бензинец за 19.990 Евра, 308 со 1.6-литарски турбо-бензинец и 215 коњски сили за 29.990 Евра и 3008 со хибриден погон и 145 коњски сили за 30.990 Евра.

„Peugeot отсекогаш симболизирал елеганција и динамика. Allure, тоа е симболот кој се врзува до нашите модели. Со својот фасцинантен надворешен дизајн, i-Cockpit во внатрешноста, напредните технологии, спортскиот управувач и богатата опременост, Peugeot моделите имаат многу елементи со кои се одвојуваат од mainstream брендовите и се вклoпуваат во upper-mainstream категоријата. Нашата цел е Peugeot да го направиме поблизок и подостапен за што поголем број возачи во Македонија“ – изјави Томислав Нафидов, Бренд Менаџер за Peugeot во Еуроимпекс.

„Со оваа кампања моделите на Peugeot, уште повеќе се приближуваат до секој еден потенцијален клиент, правејќи посакуваното да стане реалност. Peugeot е блиску до секој возач – од оние кои бараат практично градско возило, до оние што сакаат SUV или модерен fastback. Ве покануваме да ја откриете понудата во нашите салони. Сите модели се достапни за пробно возење и Ве очекуваме во нашите салони,“ – Изјави Мимоза Марковиќ, Продукт Менаџер за Peugeot во Еуроимпекс.

Поврзано:  Gilles Vidal си заминува од Renault, се враќа во Stellantis да го води дизајнот на европските брендови

Секој модел е подготвен за тест возење во салоните на Peugeot Македонија, каде клиентите ќе можат да ја почувствуваат разликата уште од првиот момент зад управувачот.

Извор: PR Peugeot Македонија



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.