Вчеравечер на церемонијална етапа, а денес официјално од плоштадот „Јадран“ во Скопје тргнаа 20-тината олдајмери кои следните седум дена ќе поминат повеќе од 1000 километри низ Македонија и Грција.
Автомобилите доаѓаат од западноевропските земји и САД (но има и неколку од Македонија), а следниве неколку дена ќе поминат 1060 километри низ Македонија и Грција. Настанот Bacchus Classic Rally се одржува за прв пат и организаторите гордо кажуваат дека сакаат регионот и Македонија да станат нова редовна дестинација за релија од премум ранг.
Попат, олдтајмерите ќе застанат на неколку места – денес беа во Штип, на 1-ви октомври ќе бидат во Охрид, а на 2-ри Октомври ќе бидат пред хотелот Хилтон во Скопје.
Церемонијалниот старт се одржа синоќа со претставување на олдтајмерите, од кои некои за првпат се дојдени на овие простори. Релито е впишано во календарот на Светската асоцијација на историски возила (FIVA) која обединува повеќе од 2,5 милиони љубители на олдтајмери од повеќе од 70 држави. Во календарот на (FIVA) има околу 20 настани од овој тип, а Бахус класик релито е едно од нив.
Организаторите Игор Стефановски и Благоја Петровски го гледаат првото издание на ова рели како можност да се промовира државата како нова дестинација за олдтајмер релија од премиум ранг и истовремено како исчекор кон враќање на автомобилската култура во Скопје, град кој во 50-тите и 60-тите години бил стоп контролна точка на релија од типот на Монте Карло и Акрополис. Партнер на релито е Classic Gala Schwetzingen каде за првпат беше промовирано релито во меѓународни рамки.