Викендов се одржа релито VM Classic Rally – Запад – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Викендов се одржа релито VM Classic Rally – Запад

Викендов се одржа третото рели од националниот шампионат во рели со историски возила при Националната Федерација за Историски Возила.

Релито стартуваше од Скопје и првата етапа ги однесе возачите во тетовското село Фалише. Од таму, тие продолжија низ Маврово, а последната, трета етапа финишираше во Вевчани, со што се означи и крајот на натпреварот, но и на овогодинешниот шампионат. Вкупната должина на VM Classic – Запад изнесуваше 199 километри.

Од Националната Федерација за Историски возила се очекува наскоро да ги прогласи шампионите, односно најуспешните возачи кои учествуваа на трите различни релија оваа сезона. Истовремено, се очекува од федерацијата да ги најави и плановите за следните години. Сепак, на отворањето во Скопје беше нагласено дека федерацијата има амбиции да го прошири учествувањето и на регионални настани, за потоа македонските возачи да учествуваат и на подалечни рели-возења.

Ова се резултатите од релито:

Категорија Олдтајмери

Класа 1 до 1000 кубни сантиметри

  • Зоран Даневски Застава 750 1984 година/ Олдтајмер клуб Скопје
  • Марко Божиновски Опел Кадет купе 1968/ ВМ класик
  • Мојсие Милосавлевски Мини 1000 /Мини класик клуб

Класа 2 од 1000 до 1600 кубни сантиметри

  • Марија Соломанова Југо 55 1989 /ВМ Класик
  • Васил Стамболиски Застава 128 1985/ Ретролајф
  • Горан Заковски БМВ 316 19684/ БМВ Клуб

Класа 3 Над 1600 кубни сантиметри

  • Мартин Стоиловски Мерцедес 280С 1979/ ВМ Класик
  • Бојан Пешев Опел Рекорд 1.7с 1966/ Олдтајмер клуб Скопје
  • Виктор Груев Кадилак Флетвуд 1984 / ВМ Класик

Категорија Јангтајмери

Класа 2 од 1000 до 1600 кубни сантиметри

  • Даме Божиновски Југо Темпо 1997/ ВМ Класик
  • Гала Тодоровска Даихатсу Шарад 1995 / Мини класик клуб

Класа 3 на 1600 кубика

  • Златко Нолевски БМВ 325ТДС 1999/ БМВ Клуб
  • Дамјан Николовски БМВ 730 1994 / БМВ клуб
  • Жарко Коцевски Мерцедес С300 1997/ Вм Класик

На третото рели годинава имаше навистина интересни возила – ќе ги издвоиме несекојдневниот Cadillac Fleetwood, прекрасното Ferrari 348TB. Секако, имаше и други автомобили, кои можете да ги погледнете во нашата галерија.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.