Bacchus Classic Car Rally на своето инаугуративно издание низ Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bacchus Classic Car Rally на своето инаугуративно издание низ Македонија

Инаугуративното издание на Bacchus Classic Car Rally ќе започне на 27-ми Септември во Скопје и плејада на ретки олдатјмери ќе патуваат од Скопје кон Грција, ќе посетат неколку места низ Македонија и повторно ќе завршат во Скопје.

Тимовите кои ќе учествуваат на релито доаѓаат од неколку европски земји и ќе можат да уживаат во ексклузивни локали и вина од Македонија и регионот. Зад релито стојат Игор Стефановски – Ила и Благоја Петровски, имиња кои се добро познати на македонската олдтајмер сцена, како и цел тим кој повеќе од една година неуморно работи на организацијата.

Инаку, рутата е навистина интересна. По тргнувањето од Скопје, возилата ќе се упатат кон Штип, а потоа кон Демир Капија, Гевгелија, па кон Халкидики. На враќање ќе го посетат Охрид, манастирот Св. Јован Бигорски и уште неколку локалитети, а неизбежен дел од приказната се и македонските вина.

Ќе учестувуваат околу 20-тина возила, повеќето од Европа и неколку од Македонија. Тимовите ќе поминат повеќе од 1000 километри и покрај спектакуларните пејсажи, ќе уживаат и во македонската национална кујна.

Организаторите објаснуваат дека Скопје и Македонија имаат огромна автомобилска историја, и дека своевремно градот Скопје бил стоп-станица и на легендарните Rally Monte Carlo и Rally Acropolis, и дека Bacchus Classic Car Rally е сериозен чекор кон враќање на автомобилистичката култура.

Релито започнува во 19:00 на 27-ми Септември, на плоштадот Јадран во Скопје со воведна делница од еден километар. Тогаш ќе бидат презентирани и тимовите, а официјалниот старт е на 28-ми Септември, односно во недела наутро околу 9 часот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.