ПРЕМИЕРА: Агресивниот K4 е наследник на Kia Ceed! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Агресивниот K4 е наследник на Kia Ceed!

По три генерации, Ceed оди во пензија. На неговото место доаѓа супер-модерниот K4.

Kia прави сериозен чекор нанапред со новиот K4. Ако досегашниот натпреварувач во сегментот – популарниот Ceed – во својот агол имаше еден куп аргументи, K4 тоа го надградува со уште посамоуверен дизајн, храбри бои и уште помодерни технологии.

Дизајнот на K4 е во тек со моменталните (и идните) дизајнерски насоки на Kia. Конвенционалните форми и линии ги заменуваат храбри одлуки и самоуверени дизајнерски насоки. Дизајнот е агресивен и динамичен, со лебдечка кровна линија, остри линии и препознатлив светлосен потпис кој инспириран од моќниот електричен EV9. Плус, има интересни и храбри детали – како на пример скриените задни рачки за вратите кои се интегрирани во Ц-столбот. За оние кои сакаат уште поагресивен дизајн, тука е K4 GT-Line со поголеми тркала, сјајно-црни елементи и други спортски детали.

Со K4, Kia ја продолжува својата посветеност кон разноликите погонски опции. Во Европа ќе се нудат неколку различни погони, а понудата започнува со 1-литарскиот T-GDI со 115 коњски сили и шест-степен мануелен менувач. Овој мотор е достапен и со лајт-хибридна компонента и може да се комбинира и со 7-степен DCT менувач со двојна спојка.

За фановите на поспортското возење, тука е 1.6-литарскиот T-GDI со 7-брзинскиот DCT автоматски менувач. Овој погон ќе се нуди со 150 или 180 коњски сили. Најавено е дека во 2026 ќе биде понудена и хибридна верзија, но сега за сега нема информации околу потенцијална плаг-ин хибридна варијанта.

А во кабината? Забележуваме супер-современ ентериер со панорамски дисплеј кој вклучува три различни екрани. Два се со дијагонала од 12.3 инчи – едниот за инструментите, вториот за инфозабавниот систем. Интересен новитет е 5.3-инчниот екран кој е наменет за клима-уредот. Од Kia напоменуваат дека системот ќе доаѓа со Android Auto и Apple CarPlay, како и AI гласовен асистент. Секако, Kia ќе понуди и цела гама на дополнителна опрема и напредни системи за асистенција.

Сега за сега нема официјална информација кога K4 би пристигнал на пазарот, но не би биле изненадени доколку новиот хечбек пристигне во салоните до крајот на годината.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: KIA го претстави новиот Stonic


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.