ПРЕМИЕРА: Porsche 911 Turbo S станува хибриден супер-автомобил со 711 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Porsche 911 Turbo S станува хибриден супер-автомобил со 711 коњски сили!

Со воведување на T-Hybrid системот, 911 Turbo S добива вкупно 711 коњски сили и станува најмоќниот (уличен) 911 во историјата.

Т-Hybrid погонот на Porsche дебитираше во 2024 кај 911 Carrera GTS. Од Porsche гордо кажуваат дека технологиите позади T-Hybrid се дополнително усовршени за да заслужат да бидат искористени во 911 Turbo S. Резултат на сето тоа? 711 коњски сили и 800 Nm вртежен момент, односно катапултирање до 100 километри на час за само 2.5 секунди и максимални 322 километри на час.

Максималниот вртежен момент е достапен од 2300 па сè до 6000 вртежи во минута, а силата се пренесува кон сите четири тркала, секако. Моторот е темелно преработен за ова освежување – нема ремени за пренос, главите се нови, пумпата за вода е нова, а триењето во целиот мотор е значително намалено.

Дополнителниот развој кај T-Hybrid всушност значи дека два eTurbo полначи го дополнуваат бензинскиот мотор. Секако, хибридниот систем тука е за да испорача максимални перформанси, а нив ги добиваат благодарение на малата батерија со капацитет од 1.9 kWh. И на крајот на денот, сето тоа не би значело ништо ако не го ставиме во некаков контекст. Па како звучи податокот дека 911 Turbo S заврте круг околу Nurburgring за 7:03.92 – цели 14 секунди побрзо од претходникот!

Секако, доработена е и суспензијата, а надградби добива и аеродинамиката – вертикални отвори за ладење и активен преден дифузер, како и активен заден спојлер. Сето ова го подбрува прилепувањето кон подлогата, но ладењето. 420-милиметарските сопирачки се најголемите сопирачки некогаш вградени во 911.

Кабината добива специјални Turbonite акценти кои се уникатни за 911 Turbo S, а забележуваме и делови од карбон. Секако, бидејќи се работи за 911 Turbo S, сè мора да биде максимално. Максимални перформанси, максимално уживање, максимално… Сè!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.