Fenomeno е најмоќниот и најбрзиот Lamborghini досега – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fenomeno е најмоќниот и најбрзиот Lamborghini досега

Ексклузивниот модел е базиран на претходникот Revuelto и припаѓа на серијата Few Off.

Fenomeno користи комбинација од 6.5-литарски V12 мотор и три електрични мотори со вкупна максимална моќ од 1,080 коњски сили. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 2.4 секунди, додека максималната брзина изнесува 350 км/ч.

Автомобилот има активно задно крило кое генерира 30% повеќе надолен притисок од претходните модели. Сите отвори и влезни канали имаат функционална намена, како на пример за ладење на батеријата и моторот.

Новиот модел користи CCM-R Plus карбон-керамички сопирачки систем со подобрен коефицент на триење, додека системот за суспензија овозможува рачно прилагодување врз основа на тоа дали се вози на тркачката патека или на јавен пат.

Во внатрешноста, моделот го задржува спортскиот карактер со многуте карбонски детали и модерни технологии. Седиштата и вратите се инспирирани од тркачките автомобили, а инструмент таблата има футуристички “вонземјански” изглед.

Fenomeno е дел од ретката серија на модели бидејќи ќе бидат произведени само 29 примероци, а еден од нив ќе остане во музејот на компанијата.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!