Heico Sportiv го тјунираше Volvo XC90 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Heico Sportiv го тјунираше Volvo XC90

Германскиот тјунер претстави целосен пакет за XC90 кој вклучува аеродинамичен бодикит, поголеми тркала и спуштена суспензија.

Предниот дел е освежен со нов продолжеток на браникот и декоративни елементи во сјајна црна боја. Профилот добива Volution бандажи, спортски пружини и нов софтвер за адаптивната воздушна суспензија, со што автомобилот се спушта до 30 мм.

На задниот дел е инсталиран нов трослоен дифузер со четири издувни цевки со варијабилна гласност. Деловите се компатибилни со сите XC90 од 2016 наваму, независно дали се работи за дизелскиот и бензинскиот B5  или за плагинот T8.

Во ентериерот се нуди рачно изработен спортски волан, како и комбинирани седишта од кожа и Alcantara.

Heico Sportiv нуди и ECU рекалибрација за зголемување на силата до максимални 507 коњски сили, наспроти 455 кај најмоќната T8 PHEV варијанта. Сите надградби ќе бидат достапни од септември годинава преку вебсајтот на Heico Sportiv.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!