BYD ја подобрува ефикасноста на хибридните модели – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BYD ја подобрува ефикасноста на хибридните модели

BYD постигна намалување на потрошувачката од 10% кога батеријата е испразнета.

Зголемувањето на ефикасноста беше објавено откако опадна продажбата на хибридите на BYD, а ажурирањето на компатибилните модели ќе биде имплементирано преку преку OTA софтверски апдејт.

Според CNEV Post, овој апдејт ја подобрува Dual Mode (DM) хибридната технологија од петтата генерација, која сега според NEDC стандардот има потрошувачка од само 2,6 литри на 100 километри (наспроти претходните 2,9 литри). Овој податок е сертифициран од страна на Националниот центар за инспекција и тестирање на моторни возила во Кина.

Новата DM 5.0 платформа постигнува 46,06% топлинска ефикасност на моторот, а вкупниот досег достигнува дури до 2.100 километри. Компанијата ја претстави оваа технологија во мај 2024 преку моделите Qin L DM-i и Seal 06 DM-i, а оттогаш сите нови BYD хибриди се базирани на истата платформа.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!