На нашите другари од Спачек Клуб Скопје им успеа – се изборија Македонија да биде домаќин на светскиот собир на фановите на легендарниот француски автомобил во 2029!
Со огромна гордост можеме да објавиме дека Македонија ќе биде домаќин на Светскиот Спачек Собир во 2029! Нашите другари од Клуб Спачек со години се активни учесници на овој собир и годинава беа сериозни кандидати да го организираат собирот во 2029, токму во Македонија.
И им успеа! Светскиот Спачек Собир е огромен настан, на кој учествуваат илјадници автомобили кои пристигнуваат од различни делови на светот – и токму нашата мала земја ќе биде епицентар на едно од најинтересните случувања на глобалната автомобилска мапа.
На овогодинешниот собир кој се одржува во Словенија, посетителите имаа можност да пробаат македонски производи – ајвар, сирење, домашна ракија и македонско вино, но и македонско гравче – а сето тоа придонесе Македонија да ја има честа да биде домаќин во 2029.
Им честитаме на другарите од Клуб Спачек и со нетрпение го очекуваме настанот, и секако – тука сме да помогнеме!