Новиот суперавтомобил на италијанскиот прооизводител е наменет исклучиво за употреба на тркачките патеки.
Моделот кој е развиен во одделот Squadra Corse на Lamborghini има агресивен и аеродинамичен дизајн, ултра лесна конструкција и значително засилени тркачки перформанси.
Temerario GT3 има модифицирана алуминиумска шасија и напредна тркачка суспензија која користи сосема нови шестнасочни KW амортизери.
Погонот доаѓа од твин-турбо 4-литарскиот V8 мотор, но овој пат без компонентите на плагин хибридниот погон и без електричниот мотор кој беше поставен напред во стандардната верзија.
Благодарение на сите овие измени и (уште поважно) тркачките регулативи, силата на V8 моторот се намали од 800 коњски сили на на 550. Доколку го земеме и недостатокот на електричниот мотор кој го има патничкиот модел, комплетната загуба изнесува дури 370 коњски сили.
Lamborghini не објави цена, но очекуваме дека моделот ќе биде произведен во ограничен број и ќе биде достапен само за ексклузивната клиентела.