Mоделот поставува нови стандарди за електрични спортски автомобили во својата класа.
Изгледот е прилично агресивен, со проширени странични линии и голем заден спојлер, додека дизајнот е видно оптимизиран и адаптиран за подобра аеродинамика и стабилност при високи брзини.
Двата електромотори на Ioniq 6 N заедно испорачуваат 609 коњски сили во стандарден режим, односно 650 во режимот N Grin Boost кој трае 10 секунди.
Максималниот вртежен момент достигнува 770 Nm, што овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за само 3,2 секунди, додека максималната брзина изнесува 257 км/ч.
Автомобилот користи батерија со капацитет од 84 kWh, која овозможува брзо полнење од 10% до 80% за околу 18 минути. Батерискиот систем е специјално оптимизиран за спортско возење и има три режими на претходно загревање: Drag, Sprint и Endurance.
IONIQ 6 N е опремен со напредни спортски технологии како: N Launch Control, N e-Shift (емулација на рачен менувач), N Active Sound+ (синтетички звук на мотор), N Drift Optimizer и N Grin Boost.
Во кабината се забележуваат тркачките N-седишта и деталите во добро познатата Performance Blue боја. Тука е и спортскиот волан на кој е поставен изборот за различните режими на возење и прилагодување на перформансите.