Германскиот тјунер со најновиот пакет му додава агресивен карактер и подобрени аеродинамички својства на познатиот SUV.
Пакетот е базиран на M Performance верзијата од X3 и вклучува уникатен преден сплитер од полиуретан, нови странични крила, странични прагови и спојлер на покривот.
Купувачите добиваат избор на сет бандажи со големини од 19 до 22 инчи, дистанцери од 10 милиметри, како и сет за спуштање на пружините до 25 мм.
На фотографиите кај задниот дел не забележуваме видлив издув, но тоа е така бидејќи возилото што е прикажано доаѓа со 2-литарскиот дизел мотор со четири цилиндри. Сепак, Schnitzer најави дека пакетот наскоро ќе биде достапен и за посилната M50 бензинска верзија.
Модификациите во внатрешноста се минимални и доаѓаат со алуминиумски педали, потпирач за нозе и капак за iDrive контролерот.