Најновиот студентски проект на Škoda претставува хибрид од семеен автомобил и пикап со отворен товарен простор.
Возилото го носи името L&K 130, што алудира на годините изминати од основањето на Škoda. Чешката компанија беше основана во 1895 година од страна на Václav Laurin и Václav Klement и стартуваше оригинално како производител на велосипеди.
L&K 130 е резултат на 2.000 работни часови и 28 ученици од стручното училиште на Škoda. За да дојдат до финалната изведба, студентите го исекле покривот на караванската верзија на Superb зад C-столбот, го модифицирале B-столбот и ги скратиле кровните носачи. Сигурни сме дека процедурата е покомплицирана отколку што звучи.
Товарниот простор има можност да се продолжи со притискање на копче и да се навали до 35 степени за полесно товарење на велосипедите. Во кабината доминираат традиционалните L&K бои: црвена, бела, златна и црна, а има и уникатно лого „130 години“ на седиштата и „L&K“ на воланот.
Како plug-in хибрид со 204 коња, возилото го користи погонскиот систем од Superb PHEV, комбинирајќи ги 1,5-литарскиот бензинец заедно со електромоторот.