Благодарение на употребата на поликарбонатни прозорци и биокомпозитни делови, концептот е полесен за 316 килограми во споредба со серискиот модел.
Покрај тоа што е полесен, концептот има поширок бодикит со агресивни браници, нови отвори за воздух и дифузери. Тука се и аеродинамично оптимизираниот покрив, огромниот спојлер, малите ретровизори и не толку малите 20-инчни OZ Racing тркала.
Внатрешноста, иако е минимална и целосно прилагодена за тркачки цели, сепак ги содржи 5-инчниот дигитален инструмент кластер и 13-инчниот инфозабавен систем. Седиштата имаат тркачки појаси, монтиран е сигурносен кафез а вгреден е и автоматски систем за гаснење пожар.
За да понуди тркачка управливост, Enyaq RS Race има оптимизирана шасија и прилагодлива спортска суспензија со уникатни пружини и амортизери. Тука се и хидрауличната рачна сопирачка како и предните и задните диференцијали со ограничено пролизгување.
Двојниот мотор со погон на сите тркала испорачува 340 коњски сили, овозможувајќи забрзување од 0-100 км/ч за помалку од пет секунди и максимална брзина до 180 км/ч.