Mazda го прекина производството на MX-30 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda го прекина производството на MX-30

По четири години на пазарот, брендот го повлече својот прв и единствен целосно електричен автомобил.

MX-30 дебитираше на саемот за автомобили во Токио во 2019 година и претставуваше електрична варијанта на конвенционалниот CX-30.

Една од најконтроверзните одлуки беше изборот на мала батерија од 35,5 kWh, која во реални услови обезбедуваше досег до околу 160 километри. Намерата беше да се намали тежината за подобро управување и да се минимизираат CO2 емисиите при производството и користењето, но тоа го направи возилото неконкурентно во однос на ривалите.

MX-30 се натпреваруваше со модели како Kia Soul EV и Peugeot E-2008, но поради краткиот домет и ограничената практичност, се почесто беше споредуван со помалите градски автомобили. Во меѓувреме, на пазарот се појавија уште поконкурентни модели со попрактични решенија и досег до 400 километри.

Иако го повлече MX-30, Mazda нема да се откаже од електрификацијата. Плаг-ин хибридната верзија MX-30 R-EV останува во продажба, а следната година се очекува нов електричен модел – Mazda 6e, како и комплетно електричен SUV (најверојатно CX-6e). Овој потег е дел од стратегијата на Mazda да се прилагоди на пазарот и да ги исполни законските обврски за нулта јаглеродни емисии.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!