Моделот добива значајно механичко освежување и го заменува стариот W12 со подобрена верзија на постоечкиот битурбо V8 бензинец.
Надградениот 4-литарски битурбо V8 мотор сега испорачува 650 коњски сили (15 повеќе од претходно) и вртежен момент до 850 Nm. Големиот SUV забрзува од 0-100 км/ч за само 3.6 секунди, што е за три десетинки побрзо од порано, додека максималната брзина е зголемена на 310 км/ч.
Bentley ги доработи и динамичките карактеристики на возењето. Новиот Sport режим добива поостар одговор на управувањето и 15% поцврста суспензија.
Со опционалните карбон-керамички сопирачки доаѓа и поставката ESC Dynamic, што во превод значи дека сега ќе може да дрифтате со вашето огромно, супер-скапо Bentley. И сето тоа под гаранција!
Внатрешноста останува луксузна и препознатлива со дијамантски шиен тапацир, персонализирани акцентни бои и бројни Speed ознаки.