Откако пред неколку месеци го претстави освежениот глобален Sportage, Kia денес ги објави деталите за освежената европската варијанта на супер-популарниот SUV.
Освежениот Sportage добива целосно-нов лик со вертикални предни светла налик на најновите модели на брендот. Всушност, добиваме нови предни и задни браници, LED Star Map осветлување, како и нови тркала со дијаметар од 17 па сè до 19 инчи. Според Kia, најголемите тркала се резервирани за подинамичниот Sportage GT Line.
Кабината добива редизајниран инфозабавен систем, нов управувач, скриени отвори за вентилација, редизајнирани седишта и уште поспортски амбиент во Sportage GT Line. Kia презема ентериери во кабината од своите електрични модели – управувачот е налик на оној кај електричниот EV3.
Интересно, Kia најавува дека освежениот Sportage ќе се нуди „само со ефикасни, електрифицирани погони“. Sportage веќе се нуди со лајт-хибриден турбо-бензинец, хибриден бензинец и плаг-ин хибрид и веќе се најавени два погони кои ќе ги добие освежениот модел. Првиот е 1.6-литарски T-GDI турбо-бензинец кој ќе се комбинира со 6-степен мануелен или 7-брзински DCT автоматски менувач со двојна спојка, кој испорачува 150 коњски сили. Вториот погон е хибриден, кој го комбинира истиот турбо-бензинец со електрична компонента за вкупно 239 коњски сили.
Со оглед на популарноста на Sportage како низ Европа, така и кај нас, очекуваме дека освежениот SUV и понатаму ќе биде еден од најпродаваните модели на пазарот.
Sportage и понатаму ќе се произведува во фабриката на Kia во Жилина, во Словачка. Се очекува да пристигне во салоните на Kia до крајот на оваа година.