ПРЕМИЕРА: Alpine A390 ветува дека ќе биде спортски SUV за оние кои сакаат да уживаат во возењето. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Alpine A390 ветува дека ќе биде спортски SUV за оние кои сакаат да уживаат во возењето.

Eлектричниот A390 ја комбинира практичната кабина за пет патници со перформансите на спортски автомобил.

A390 ќе биде достапен во верзиите GT и GTS, чија разлика ќе биде евидентна кај тркалата, ознаките и перформансите. Дизајнот и кај двете верзии останува ист и се одликува со нагласено аеродинамична силуета, остри линии и препознатливи LED светлосни ленти.

Големината на автомобилот го позиционира помеѓу хечбек и компактен SUV, со должина од 4.615 mm, ширина од 1.885 mm и висина од 1.532 mm.

Во кокпитот ги забележуваме 12,3-инчниот дигитален инструмент панел и 12-инчниот централeн екран на допир. Врвната GTS верзија доаѓа со седишта обложени со Nappa кожа и аудио систем со 13 звучници.

A390 користи три електрични мотори и погон на сите тркала со активна распределба на вртежниот момент. Верзијата GT испорачува 400 коњски сили и 650 Nm вртежен момент, додека GTS нуди 470 коњски сили и 808 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч за GTS е 3,9 секунди, а максималната брзина изнесува 220 км/ч.

Батеријата од 89 kWh обезбедува автономија од 520 до 555 километри според WLTP стандардот и поддржува брзо полнење до 190 kW.

Производството ќе биде во Франција, а нарачките за европскиот пазар ќе започнат кон крајот на годинава.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!