Ова е вториот модел на Xiaomi по успешниот SU7 седан, кој за само 14 месеци се продаде над 258.000 примероци во Кина.
Xiaomi YU7 ќе се нуди во три варијанти: основен модел со еден електричен мотор, 320 коњски сили и автономија од 835 километри, Pro верзија со дупли мотор, 496 коњски сили и 760 километри автономија и Max верзија со дупли мотор, 690 коњски сили и автономија до 770 км.
Аеродинамиката е главниот адут на YU7. Со помош на 10 воздушни канали и 19 оптимизирани отвори за управување со протокот на воздух добиен е импресивен коефициент на отпор од само 0,245.
Автомобилот доаѓа со напредни системи за асистенција при возење, вклучувајќи LiDAR, 11 камери и 12 ултразвучни радари, што го прави еден од најиновативните електрични SUV модели на пазарот.
Во внатрешноста доминираат 16,1-инчниот инфозабавен систем и HyperVision панорамскиот дисплеј од 43,3 инчи, кој може да се користи како брзинометар, навигација и како дополнителен екран за совозачот.
Електричните седишта се обложени во Nappa кожа и доаѓаат со опција за масажа, додека патниците назад добиваат сопствен климатски систем и двоен екран.
Повеќе информации како цени и достапност за спортскиот YU7 компанијата ќе објави во јули годинава.