Моделот претставува најново проширување на електричната гама на Toyota и е наменет за оние кои бараат повеќе простор, практичност и моќност.
Touring верзијата на bZ4X се издвојува со значително поголеми димензии. Таа е подолга за 140 мм и повисока за 20 мм и има багажник од 600 литри што претставува зголемување за 33% од стандардниот модел.
Практичноста е дополнително нагласена со нови кровни носачи со носивост до 70 кг, како и зголемена влечна способност до 1.500 кг. Флексибилниот 40:60 заден ред седишта овозможува лесно проширување на товарниот простор, а новиот централен панел и 14-инчниот мултимедијален екран го модернизираат ентериерот.
Touring ќе се нуди со две погонски опции кои ќе ја користат новата 74,7 kWh батерија. Основната верзија со еден мотор развива 224 коњски сили и овозможува WLTP досег на возење до 560 километри, додека најмоќната верзија доаѓа со два мотори и развива дури 382 коњски сили. Двете верзии поддржуваат DC брзо полнење до 150 kW и имаат вградени полначи од 11 kW или 22 kW, зависно од изведбата.
Во однос на дизајнот, задниот дел има нови LED светла и поизразени браници, а тука е и новата бронзена боја. Внатрешноста е освежена со повеќе простор за мали предмети и нова City Moss тапацир боја, а мултимедијалниот систем нуди навигација според моменталнит статус на батеријата.
Toyota bZ4X Touring ќе пристигне на европскиот пазар во 2026 година.