Малиот електричен SUV добива концептна теренска верзија која нам ни изгледа дека е спремна за производство.
Стандардниот Renault 4 доаѓа со погон на предните тркала и користи еден електромотор. Новиот 4×4 концепт додава втор електромотор на задната оска, што овозможува постојан погон на сите тркала за подобро држење на патот и возење на различни терени.
Растојанието од подлогата е зголемено за 15 мм, додека предницата и задницата добиваат проширување за 10 мм. Концептот користи специјални Goodyear UltraGrip Performance+ гуми кои се монтирани на уникатните 18-инчни тркала. Стандардните браници се заменети со нови 3D-печатени делови кои нудат подобра апсорпција на удари.
Каросеријата е обоена во новата Jade Green боја, а сјајните црни елементи како браниците, штитниците на тркалата и кровните носачи го зголемуваат контрастот. Кровот е покриен со камуфлажен дезен, а големата ознака 4×4 се истакнува на петтата врата.
Концептот ќе биде изложен на тенискиот турнир Roland Garros 2025, заедно со специјалната верзија Renault 5 Roland-Garros и Renault 5 Turbo 3E.