Базиран на Zonda 760 Roadster, моделот е преработен со ново аеродинамично двојно задно крило, висока централна перка и голем кровен усисник.
Каросеријата е изработена од голи карбонски влакна и карбонски делови офарбани во сина нијанса. Сините акценти ги има и на тркалата, сопирачките, издувните цевки и околу задните светла.
Zonda Unico е дел од програмата Pagani Unico, која овозможува на клиентите да добијат целосно прилагодени и уникатни примероци на Zonda, со безбројни опции за промена и надградба на автомобилот.
Овој модел е „1 од 1“, што значи дека е единствен во светот. Со оваа верзија, Pagani ја продолжуваат легендата на Zonda, автомобил кој и покрај тоа што е дизајниран пред повеќе од две децении и натаму плени со својот дизајн, изработка и перформанси.