Brabus XL 800 е Mercedes-AMG G63 на стероиди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Brabus XL 800 е Mercedes-AMG G63 на стероиди!

XL 800 доаѓа со ревидирана суспензија со портални оски, карбонски бодикит, преработен ентериер и мотор кој сега испорачува 800 коњски сили.

Благодарение на новата суспензија со специјална предна оска и навојни амортизери, моделот е одвоен од земјата за 470 милиметри, што е 119 милиметри повеќе од фабричкиот модел.

Проширените крила со интегрирани отвори се изработени од карбонски влакна, исто како и браниците и хаубата. Кога сме кај нејзе, под хаубата се наоѓа усовршена верзија на 4-литарскиот битурбо V8, кој сега испорачува 800 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент.

Внатре, Brabus го применува својот препознатлив третман: рачно шиена кожа во сива боја, многу карбонски детали и целосна облога од алакантра на покривот.

Цена? Ако мора да прашате за цената, голема е веројатноста дека не можете да си го дозволите.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!