Kia EV3 е Светски Автомобил на Годината за 2025 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kia EV3 е Светски Автомобил на Годината за 2025

Жири од безмалку 100 автомобилски новинари од 30 различни земји ги одбраа овогодинешните Светски Автомобили на Годината – и покрај победниците во неколку различни категории, Kia EV3 е избран за Светски Автомобил на Годината за 2025!

Ова е втора последователна (и вкупно трета) победа за Светски Автомобил на Годината за Kia. Минатата година титулата отиде кај EV9, додека во 2020 титулата ја доби Kia Telluride. EV3 беше избрана меѓу 52 различни кандидати од различни глобални производители. Финалистите беа објавени на 18-ти Март, а сега Kia може конечно да се пофали со титулата.

Инаку, условите се интересни – автомобилот мора да е произведен во најмалку 10.000 примероци, мора да е позициониран под луксузниот сегмент на примарните пазари каде се продава и мора всушност да се продава на два клучни пазари (Кина, Европа, Индија, Јапонија, Кореја, Латинска Америка или САД) и на два различни континенти.

Покрај Светскиот Автомобил на Годината, жирито доделува уште неколку награди. Па така, новиот Volvo EX90 е прогласен за Светски Луксузен Автомобил на Годината, Porsche 911 Carrera GTS е прогласен за Светски Автомобил со Високи Перформанси на годината, малиот Hyundai Inster е прогласен за Светски Електричен Автомобил на годината, додека BYD Seagull е прогласен за Светски Урбан Автомобил на Годината. Признание доби и електричниот Volkswagen ID. Buzz кој ја доби наградата за Светски Автомобилски Дизајн на Годината за 2025.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.