Skoda го претстави брзиот Elroq RS – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda го претстави брзиот Elroq RS

Најмоќниот компактен електричен SUV од Škoda има 340 коњски сили и забрзува од 0 до 100 километри на час за само 5.4 секунди

Моделот е базиран на компактниот Elroq, но доаѓа со значителни подобрувања во дизајнот, технологијата и перформансите. Со погон на сите четири тркала и два електромотори, максималната автономија на автомобилот изнесува до 547 километри според WLTP.

Elroq RS доаѓа во впечатлива Hyper Green боја, црна решетка и осветлена предна маска. Динамичните LED светла и специјалните аеро тркала со зелени акценти дополнително го нагласуваат спортскиот изглед на автомобилот. Во внатрешноста се приметливи спортските седишта со RS лого, кожниот управувач со зелени шевови и карбонските детали кои создаваат динамичен амбиент.

Батеријата од 77 kWh е слична на онаа кај Enyaq RS, но благодарение на помалите димензии на возилото, нуди подобра агилност и потенцијално подолг досег. Шасијата е спуштена за 15 мм напред и 10 мм позади, додека адаптивните амортизери овозможуваат прилагодување на суспензијата според потребите на возачот.

Стандардната опрема е исклучително богата: електрични седишта за возачот, три-зонски клима уред, 13-инчен инфозабавен екран  и проекциски дисплеј.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!