Концептот е базиран на малиот Inster и комбинира елементи инспирирани од гејминг културата и мотоспортот.
Insteroid се издвојува со 21-инчни фелни, огромен заден спојлер, широки задни крила инспирирани од рели автомобилите од 80тите и пикселизирани LED светла. Внатрешноста е минималистичка, со спортски седишта и дигитална инструмент табла со ретро графики.
Insteroid користи скратена верзија на E-GMP платформата и истиот дво-моторен погон на сите тркала од Ioniq 5N. Дополнително, возилото вклучува Drift Mode за динамично возење и има уникатен звучен систем.
Иако Insteroid нема потврдени планови за сериско производство, неговото претставување ја отсликува визијата на Hyundai за иднината на спортските електрични возила.