Пред само неколку моменти, Фудбалската Федерација на Македонија и Гранд Ауто го објавија и официјализираа новото партнерство.
На свеченото официјализирање на соработката меѓу Гранд Ауто и Фудбалската Федерација на Македонија беше најавен следниот чекор во подобрувањето на условите на македонскиот спорт.
Истовремено, Гранд Ауто ја искористи шансата да објави дека додава нов бренд во своето портфолио. Гранд Ауто веќе е македонски импортер на возилата на Ford, Hyundai, MG и Chery, а од неодамна во своето портфолио го додава и брендот Ineos со моделот Grenadier.
На настанот свое излагање имаа претседателот на ФФМ, господинот Месар Омерагиќ, како и генералниот директор на Гранд Ауто, господинот Дритон Заири.
„Со огромна гордост ја најавуваме нашата соработка со Фудбалската федерација на Македонија – најголемата и највлијателна спортска федерација во земјата. Преку ова партнерство, обезбедуваме возила кои ќе ја поддржат секојдневната работа на Федерацијата, овозможувајќи им целосно да се фокусираат на она што е најважно – развојот на фудбалот и инспирирањето на новите генерации спортисти.
Со ова, можеме да бидеме сигурни дека нашиот фудбал ќе биде безбедно и сигурно возен, во духот на одржливоста и иновациите што ги носи современата автомобилска индустрија. Најразлични модели, од товарни до патнички и комплетно електрични возила ќе бидат дел од нашата поддршка.“ – истакна господинот Дритон Заири.
Обајцата искажаа големо задоволство за соработката, а господинот Омерагиќ изјави дека ова е навистина голем проект за ФФМ, бидејќи возилата кои досега се користеле биле стари во просек 18 години, и дека освежувањето доаѓа во вистински момент, со вистински технологии.
ФФМ ќе има на располагање различни возила од гамата на Ford и Hyundai, меѓу кои и целосно-електричен Hyundai Ioniq 5. Ја поздравуваме оваа одлука, ја поздравуваме и соработката и се надеваме на повеќе вакви проекти за поддршка на македонскиот спорт.