Nissan GT-R R35 конечно оди во пензија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan GT-R R35 конечно оди во пензија!

Производството на иконскиот GT-R R35 заврши на различни пазари уште во 2021 година, а сега после 18 години, конечно и во својата матична земја.


Новите европски регулативи го принудија Nissan да го повлече GT-R од пазарот во јули 2021 година, додека строгите стандарди во Австралија го направија тоа во ноември истата година. Како претпоследен континент на кој активно се продаваше беше американскиот, се додека и тоа престана во октомври 2024 година.

GT-R за првпат се појави во 2007 година и важеше за автомобил што беше способен да се бори со многу поскапи супер-автомобили. Тој доби неколку ажурирања и два редизајни, во кој постојано беше вградуван 3.8-литарскиот V6 на Nissan.

R35 првенствено се нудеше со 475 коњски сили, додека финалниот GT-R Nismo ја искачи таа бројка на 600. Дизајнерскиот директор на компанијата веќе наговести дека следниот GT-R ќе биде лансиран некаде пред 2030 година, односно дека нема веднаш да се појави директен наследник.

Јапонците веќе и официјално не примаат нарачки за нови возила, па според тоа може да претпоставиме дека годзила R35 е распродаден засекогаш.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!