Autobest наградите годинава ќе бидат доделени во Виена, прекрасниот главен град на Австрија.
Autobest го сочинува независна група експерти од автомобилски медиуми кое опфаќа 32 земји и претставува најголемо жири во Европа. Жирито со задоволство го најавува 24-тото издание на AUTOBEST Гала наградите, кое ќе се одржи на 12-ти Јуни, во Виена.
Веќе објавивме дека „Best Buy Car of Europe 2025“ наградата ѝ припадна на третата генерација на Dacia Duster. Секако, ние веќе добро го познаваме новиот Duster, нашиот тест можете да го прочитате тука. Тоа е вториот модел на автомобил кој ја освоил два пати престижната награда во 24 годишната историја на AUTOBEST. На ова доделување ќе биде присутен и новиот член на жирито Витолдас Милиус кој ја претставува Литванија што е проширување на жирито во 32 европски земји. Член на жирито од Македонија е нашиот колега, Крумислав Барзов.
Во текот на (сега веќе повеќе од) две децении, AUTOBEST Гала наградите станаа клучниот настан на автомобилски календар, со уметничка содржина од светска класа и уникатно искуство. Дополнително, годинава ќе бидат доделени уште неколку признанија:
- COMPANYBEST 2025: BYD
- MANBEST Куќа на славните: Арнауд Белони, CMO на Renault
- SPORTBEST Куќа на славните: Валтер Рорл
- DESIGNBEST Куќа на славните: Стефан Сиелаф, главен дизајнерски директор на групацијата Geely
- ECOBEST 2025: Renault 5
- TECHNOBEST 2025: AUROBAY Hybrid system technology
- SMARTBEST 2025: ChatGPT на Stellantis DS, Peugeot, Opel
- SAFETYBEST: CYBEX воздушно перниче за автомобилско седиште
AUTOBEST, исто така, за прв пат во историјата доделува сосема нова награда „ЅВЕЗДА СЕ ВРАТИ“. Таа е доделена на Lancia за извонредниот камбек на легендарниот италијански бренд. Дополнително Renault 5 и Renault 4 ја добиваат и наградата „ЅВЕЗДА СЕ ВРАТИ“ за извонредно оживување на двата иконски модели во модерна интерпретација.





