Прототипот за сите терени има два електрични мотори со комбинирана моќност од 517 коњски сили и може да искачи нагиби до 45 степени.
Audi Q6 e-tron е првиот модел изграден на платформата Premium Platform Electric (PPE). Оваа платформа не само што се истакнува со импресивни перформанси на возење и полнење, туку поставува стандарди во опсегот и ефикасноста.
Извршниот директор на Audi – Gernot Döllner изјави: „Q6 e-tron offroad концептот е високо емотивна реинтерпретација на quattro. Моделот покажува каков потенцијал има нашата платформа за сите електрични возила денес“.
Q6 e-tron offroad концептот беше прикажан викендов на F.A.T. Ice Race трката во Австрија и истиот ја покажа решителноста на компанијата да продолжи да ги поместува границите на технологијата.