Peugeot е горд на новиот 3008 – веќе се направени 100.000 нарачки! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot е горд на новиот 3008 – веќе се направени 100.000 нарачки!

Peugeot гордо објави за само шест месеци, веќе се направени 100.000 нарачки од новиот 3008, но и дека дури 22% се за целосно-електричниот Е-3008!

Со над 100.000 нарачки од неговото лансирање се потврдува големиот успех на новиот Peugeot 3008, особено за 100% електричната верзија која сочинува 22% од продажбата. Во 2025 година, верзијата E-3008 Dual Motor AWD ќе ја комплетира сегашната електрична гама, која веќе вклучува верзија од 210 коњски сили со батерија од 73 kWh (и комбиниран опсег до 529 km според WLTP) и верзија со долг опсег од со моќност од 230 коњски сили и батерија од 96,9 kWh (комбиниран опсег до 701 km според WLTP), овозможувајќи го најдобриот електричен опсег од кој било SUV.

Со комплетираната гама на производи, со hybrid, plug-in hybrid и електрични погонски единици познати по нивната ефикасност и задоволување на потребите на најшироката група на клиенти, Peugeot 3008 е подготвен да го продолжи својот напредок и да го засили својот успех во Европа и ширум светот. Ние веќе добро ги познаваме 3008 и E-3008. Хибридниот 3008 го возевме тука во Македонија, додека електричниот Е-3008 го возевме на неговата официјална презентација во Кан.

Симболичната бројка од 100.000 нарачки за 3008 беше надмината по само 6 месеци продажба низ Европа. До денес, пазарите со најдобра продажба на 3008 се Франција (35.000 кумулативни нарачки), Велика Британија (25.000 единици) и Германија (9.000 единици).

Покажувајќи ја способноста на Peugeot да ги поддржува своите клиенти во енергетската транзиција, електричниот микс претставува 22% од продажбата на PEUGEOT 3008. Оваа бројка е повисока од просекот во сегментот и достигнува рекордни нивоа на одредени пазари – дури 37% во Холандија, 34% во Белгија и 31% во Велика Британија.

Поврзано:  Peugeot воведува две нови нивоа на опрема - Business и GT Exclusive

Друг значаен аспект од овие први месеци на комерцијализација на Peugeot 3008 е големата побарувачка за врвното GT ниво на опременост, кое во просек претставува 60% од нарачките (и дури 85% во Велика Британија), потврдувајќи го нагорното движење на брендот Peugeot на пазарот.

Извор: PR Peugeot



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.