Новиот модел добива поголема батерија, промени во внатрешниот и надворешниот изглед.
Фејслифтираната Kia EV6 доаѓа во стандардна и GT-Line верзија. Двете имаат различен дизајн на новите браници како и избор помеѓу новите алуминиумски тркала од 19 и 20 инчи.
Во внатрешноста забележуваме нов волан со три краци и ажурирана рамка за двојните екрани. Од технолошки аспект додаден е системот за проверка на отпечатоци од прст, 12-инчниот head-up дисплеј и дигиталниот ретровизор. Возилото исто така добива странични воздушни перничиња од втор ред и подебели Б-столбови за дополнителна цврстина на телото.
Електромоторите сега се потивки, а удобноста е подобрена со ажурирано поставување на амортизерите и со додавање на дополнителна звучна изолација во задниот дел. Старата батерија од 77,4 киловати е заменета со новата од 84 kWh, која може да се наполни од 10 до 80 проценти за само 18 минути.