full screen background image
Search

Горивата поскапуваат – бензините по 2.5 денари, дизелот еден денар

Цените на горивата повторно одат нагоре – бензините поскапуваат по 2.5 денари, дизелот поскапува 1 денар.

Во согласност со методологијата која се користи за формирање на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.29%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по 2.50 денари за литар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 84.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 86.00 денари.

Цената на дизелот се зголемува за еден денар, па еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 85.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.