full screen background image
Search

Се зголемуваат цените на горивата – бензините поскапуваат по два денари, дизелот денар и половина

По минатонеделното намалување на цените, оваа седмица цените на горивата одат нагоре.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за формирање на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе се зголемат во просек за 3.02%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 2.00 денари за литар. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 73.00 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 75.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.50 денари и еден литар дизел ќе чини 64.50 денари.

Новите, повисоки цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.