Vision GT е најава за идните електрични спортски автомобили на Porsche – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Vision GT е најава за идните електрични спортски автомобили на Porsche

Vision Gran Turismo е дигитален тркачки автомобил кој ќе можеме да го возиме во Gran Turismo 7, но истовремено е најава за идните електрични модели на Porsche.

Новиот Gran Turismo 7 ќе пристигне на почетокот на Март идната година, па и самите ќе можеме да го искусиме Porsche Vision Gran Turismo. Иако концептот е направен само за играта, сепак Porsche направи прототип во целосна големина, но и најави дека токму Vision GT ја покажува насоката во која ќе се движат идните електрични спортски автомобили на германскиот бренд.

Peter Varga, директорот за дизајн на екстериери во Porsche AG изјави – „Porsche Vision Gran Turismo е повеќе од само гејмерска фантазија. Концептот е реалистичен погледн во иднината и дефинитивно ќе ни помогне во развојот во годините кои доаѓаат.“ Porsche Vision GT е развиен од дизајнери кои израснале играјќи Gran Turismo – а тоа сугерира дека се млади и со јасна визија за динината. Нивната цел била да направат мал, лесен и ефикасен автомобил кој ќе покаже што може да се направи со најновите технологии и електричен погон.

Концептот е направен од карбон и титаниум и дизајнот е нагласено драматичен. Препознаваме детали кои се карактеристични за Porsche, но и детали кои навестуваат интересни дизајнерски решенија во иднината – како на пример четирите LED светлосни елементи кои истовремено ги пресликуваат тековните дизајнерски решенија на Porsche но и навестуваат како би можеле да изгледаат во иднина.

Сега за сега нема никакви детали ниту околу погонот, ниту околу перформансите. Секако, ова нема да резултира со продукциски модел, но самиот факт дека е изработен и физички, вистински прототип навестува дека Porsche ја користи платформата за иновации и развој на нови модели. Ние ќе мораме да почекаме до Март следната година.

Поврзано:   Имате малку време од еден до друг авионски лет? Porsche ќе ве префрли со 911 GT3 RS!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.