Регулаторна: Дизелот поскапува половина денар, бензините поевтинуваат денар и половина! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Регулаторна: Дизелот поскапува половина денар, бензините поевтинуваат денар и половина!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, пониски цени на горивата.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.28%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 1.50 денари. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 75.00 денари, додека едне литар 98-октански бензин ќе чини 77.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 0.50 денари. Еден литар дизел од вечерва ќе чини 68.00 денари.

Новите пониски цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Поправка: Ненамерно напишавме дека цената на дизелот се намалува. Всушност, цената на дизелот се зголемува за половина денар. Се извинуваме за ненамерната грешка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.